logo
logo
logo

Засилени контроли за „BLACK FRIDAY”

Vecer | 27.11.2025

Засилени контроли за „BLACK FRIDAY”

Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања „Black Friday” акции ќе врши засилени  вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.

-Целта е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти. Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски, велат од ДПИ.

Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите.

Инспекторатот ги повикува граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk