Американската технолошка корпорација „Мета“ потпиша договор со „Констелејшн енерџи“ за купување на 1,1 гигават нуклеарна енергија од електраната Клинтон, Илиноис, почнувајќи од јуни 2027 година.
Договорот, кој ќе важи 20 години, го опфаќа целото производство на постојниот реактор и ќе овозможи продолжување на работата и повторно лиценцирање на електраната, која без договорот би била во опасност од затворање.
Ниту една од компаниите не ги откри точните финансиски услови, но договорот вреден повеќе милијарди долари ќе ѝ помогне на „Констелејшн“ да ја релиценцира фабриката и да гарантира купувач за времетраењето на продолжувањето на лиценцата, објави „Тек Кранч“.
Големите технолошки компании како „Мета“ јавно го поддржуваат развојот на нуклеарната енергија, за која велат дека би можела да ги покрие растечките потреби за инфраструктура за вештачка интелигенција и cloud computing.
Мета претходно оваа година објави дека бара предлози за нови нуклеарни централи што би произведувале помеѓу еден и четири гигавати енергија. Компанијата подоцна објави дека добила над 50 квалификувани предлози за локации за нуклеарни централи во повеќе од 20 земји, додаде технолошкиот портал.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата