logo
logo
logo

Нови 1.300 вработувања: 4 МУЛТИНАЦИОНАЛНИ КОМПАНИИ ОДЛУЧИЛЕ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 27.06.2025

Нови 1.300 вработувања: 4 МУЛТИНАЦИОНАЛНИ КОМПАНИИ ОДЛУЧИЛЕ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА

Четири мултинационални компании донеле интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде над 150 милиони евра и ќе се отворат нови 1.300 работни места, соопшти денеска директорот на Дирекцијата на технолошко-развојните зони Гоце Димовски.

На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ рече дека 2024 година била завршена со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции што според него е јасен показател за стабилноста и континуитетот за привлекување на странски инвестиции.

– Само во последниот квартал од 2024 година имавме прилив од 400 милиони евра странски инвестиции со што календарската 2024 година ја завршивме со рекордно ниво на странски директни инвестиции од 1,25  милијарди евра што претставува историски рекорд во независна Македонија. Имено, од јули 2024 година заклучно со јуни 2025 година, согласно податоците со кои располагаме, се очекува над 1,2 милијардо евра странски инвестиции што е јасен показател за стабилноста и контиунитетот за прилекување на странски инвестиции во Македонија што не прави многу подобри од сите претходни влади во историјата на независна Македонија – рече Димовски.

Тој посочи дека од јули лани со јуни годинава во зоните реализирани се инвестиции повеќе од 190 милиони евра кои ќе креираат 2000 нови работни места, а договорени се и четири инвестиции во вредност над 90 милинои евра кои ќе креираат 900 нови работни места.

Според месечните анализи што ги прави Дирекцијата, како што соопшти Димовски, нема драстично намалување во однос на бројот на вработени, нето платата и извозот и увозот во зоните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk