Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар, што е раст од 9,4 отсто во споредба со ноември 2024, според Државниот завод за статистика(ДЗС).
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.7 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.3 отсто и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 10.8 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.6 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 отсто и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.1 отсто.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата