logo
logo
logo

ФИНАНСИСКИ ПИСМЕН И ФИН: Запознајте го ФинФлуенсерот на Халкбанк

Vecer | 06.05.2025

ФИНАНСИСКИ ПИСМЕН И ФИН: Запознајте го ФинФлуенсерот на Халкбанк

Вистински финансиски совети на вистински разбирлив начин токму кога се неопходни – нов забавен формат на пренесување совети од Халкбанк што пари значат

Изминатите недели низ социјалните медиуми циркулира искрено, симпатично и непосредно објаснување за важни животни лекции од Халкбанк, кои секој би сакал да ги знае претходно, односно многу порано пред да донесе некоја значајна финансиска одлука. Во овие кратки инстаграм-видеа, главниот херој, т.н. ФинФлуенсер, на неверојатно прониклив, хумористичен начин и финансиски јазик разбирлив за сите наоѓа формула како да пренесе важни пораки до македонската јавност:

Од совети за совесно размислување при работење со сопствени пари, паметно инвестирање, преку совети за штедење, сè до поуки за препознавање лажни пораки и опасни линкови при е-трансакции, ФинФлуенсерот – кој во серијалот го игра младиот актер Антонио Ташковски, e модерниот лик чии совети го разбиваат митот дека финансиската писменост претпоставува комплициран и долг процес на учење.

Овој формат на пренесување совети што се од клучно значење за индивидуалната и семејна финансиска иднина, на краток и сладок начин директно стигнува до поентата што треба да биде пренесена.

„Лични финансии, планирање трошоци, инвестирање и штедење – големи сложени изрази за навистина едноставни нешта – грижа за иднината и одговорност за себе. Нашето општество, особено младите треба да ја знаат суштината зад финансиската писменост. Иднината е во знаењето – а знаењето е јавно општествено добро што ние во Халкбанк посветено, трпеливо и на креативен начин го споделуваме со секој од вас. Само финансиски писмена заедница е силна заедница“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

Погледнете го серијалот видеа ФинФлуенсер на социјалните медиуми на Халкбанк:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk