logo
logo
logo

Трамп потпиша ЦАРИНИ ОД 50%

Vecer | 30.07.2025

Трамп потпиша ЦАРИНИ ОД 50%

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 проценти за увоз од Бразил, што значи дека вкупните царини изнесуваат 50 проценти, објави денес Белата куќа.

Трамп пред три недели објави дека неговата администрација ќе воведе царина од 50 проценти за бразилските производи извезени во САД, почнувајќи од 1 август.

Тој ги услови царините, за кои рече дека ќе стапат на сила на 1 август, со тоа како Бразил ќе се справи со поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој е на судење по обвинение за наводно планирање државен удар за да се спречи претседателот Луиз Инасио Лула да Силва да ја преземе функцијата.

Трамп денес исто така рече дека разговорите за постигнување трговски договор со Кина напредуваат.

„Мислам дека ќе испадне добро. Следиме, мислам дека ќе имаме фер договор со Кина“, рече Трамп, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател денес исто така потпиша наредба за воведување царини од 50 проценти за увоз на полуготови бакарни производи.

Трамп воведува царини од 50% за увоз на бакар

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша извршна наредба со која се воведува царина од 50 проценти за увоз на одредени видови бакар, наведувајќи причини од национална безбедност, објави Белата куќа.

Наредбата наметнува царина од 50 проценти за полуготови производи од бакар и деривати богати со бакар, која стапува на сила од 1 август, соопшти Белата куќа.

Царините ќе ги исклучат отпадниот бакар и бакарната руда, како и материјали како што се концентрати, пена, катоди и аноди, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk