logo
logo
logo

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а за државата - економски напредок

Vecer | 27.03.2026

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а за државата  - економски напредок

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница „ТЦ Централа“ во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.

Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:

„Навистина ми е драго што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на Градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само еден дел, а тоа што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да честитатм на сите што беа вклучени, различни ресори на Владата и компанијата.

Ова е пример како можеме и во централното градско подрачје да реализираме проекти кои се од интерес на државата и се надевам дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него.

Знаете дека политиката на Владата е да подржува енергетска транзција, во моментов мислам сме шампниони во целиот регион, а со иницијативата што ја претстави премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот и создавање на еден Сојуз и еден обидинет пристап, мислам дека Македонија ќе го покаже своелто лидерско место во годините кои се пред нас во делот на енергетиката и на енергетската транзиција како главен двигател на развојот на државата” се обрати вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk