Големото истражување за сигурност објавено од American Consumer Reports за оваа година донесе еден сигурно очекуван, но и неколку изненадувачки резултати.
Тојота повторно беше прогласена за најсигурен бренд, додека меѓу првите десет е само еден европски производител - BMW.
Јапонските брендови сè уште доминираат на врвот на листата: Тојота е прва, веднаш по неа следуваат Subaru и Lexus, Honda е четврта а NISSAN шести.
ОД СИТЕ ДЕСЕТ ВО ТОП ИЗБРАНИТЕ 6 СЕ ЈАПОНСКИ БРЕНДОВИ
BMW го зазема петтото место и е единствениот европски производител во првите 10, што дополнително ја потврдува стабилноста на германскиот бренд и покрај растечката комплексност на модерните возила.
Tesla постигна најголем напредок благодарение на добрите резултати на Model 3 и Model Y, кои се меѓу најсигурните електрични автомобили на пазарот.
Сепак, поголемите Model S, Model X и Cybertruck сè уште постигнуваат резултати под просекот, па Tesla останува бренд на контрасти - одлични основни модели, но проблематично скапи.
Mazda е најголемиот губитник оваа година. Падот од осум места главно се должи на технички проблеми со новите SUV модели CX-70 и CX-90, вклучувајќи ги и plug-in хибридните верзии.
Ова потврди дека новите погонски системи и механичките платформи можат сериозно да го оштетат угледот дури и на најсигурните производители.
„Consumer Reports“ истакнува дека класичните хибриди и автомобили со SUS мотори се сè уште најсигурни.
Електричните и plug-in моделите остануваат под просекот поради сложената електроника, системите за ладење на батериите и проблемите со полнењето.
Топ 10 најдоверливи брендови според „Consumer Reports“ (2026):
1.Toyota
2.Subaru
3.Lexus
4.Honda
5.BMW
6.Nissan
7.Acura
8.Buick
9.Tesla
10.Kia
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата