Од мала семејна компанија до препознатлив македонски бренд – Јого Меркур - Осоговски млечни производи одбележа 35 години традиција и доверба.

Компанијата Јого Меркур - Осоговски млечни производи го одбележа значајниот јубилеј – 35 години успешно постоење и стабилен развој, во присуство на бројни гости од бизнис заедницата. На настанот присуствуваа претставници од сите поголеми маркети во Македонија, деловни партнери, дистрибутери и соработници, странски соработници и познати личности, со што уште еднаш беше потврдена силната позиција и довербата што компанијата ја гради со години.
Компанијата Јого Меркур започнува како мала семејна иницијатива, изградена врз труд, искреност и љубов кон работата – вредности кои и денес претставуваат основа на работењето. Со текот на годините, компанијата се развиваше континуирано, а посебен фокус беше ставен на градењето и стратешкиот развој на брендот „Осоговски млечни производи“, кој прерасна во препознатлив симбол на квалитетни кашкавали и сирења со автентичен вкус. Создаден според традиционални рецепти и усовршен со современи стандарди „Осоговски“ денес е бренд кој гради доверба и лојалност кај потрошувачите и партнерите.
На настанот беа претставени дел од најпрепознатливите производи, меѓу кои Осоговски мешан кашкавал и сирење, овчи Ексклузив кашкавал кој зрее повеќе од 9 месеци со неговиот автентичен вкус, овчо Ексклузив сирење, како и путерот, урдата и останатите производи кои ја отсликуваат посветеноста кон квалитетот и традиционалниот вкус.


Во текот на вечерта беше прикажан видео-запис кој ја раскажа приказната за растот, вредностите и визијата на компанијата, а централно место имаше обраќањето на сопственикот, кој на симболичен начин го опиша развојот на Јого Меркур како изградба на дом:
„Формирањето и развојот на една компанија го споредувам со изградба на куќа. Темелите на Јого Меркур се семејните вредности што ги добивме од нашите родители – чесност, работливост и почит. Столбовите сме ние што секојдневно ја градиме компанијата, а покривот се нашите партнери и соработници. Со голема одговорност компанијата Јого Меркур го развива брендот ‘Осоговски’, кој ја носи нашата традиција и квалитет до трпезите на потрошувачите.“

Во своето обраќање, сопственикот упати искрена благодарност до вработените, кои со својата посветеност и умешност ја носат компанијата напред, како и до потрошувачите, за кои производите стануваат дел од секојдневните оброци, семејните трпези и споделените моменти. Беше истакната и визијата за иднината – понатамошно јакнење на брендот „Осоговски“, континуирани инвестиции во развој, модернизација и пренесување на искуството на новите генерации, со цел зачувување на препознатливиот квалитет.
По 35 години, Јого Меркур – Осоговски млечни производи останува верен на својата мисија – создавање производи што носат доверба, вкус и традиција. Од семејна компанија до стабилен и препознатлив македонски бренд кој го избираат генерации, приказната продолжува со иста одговорност, енергија и љубов кон занаетот.
Јого Меркур – Осоговски млечни производи.35 години вистинска приказна која продолжува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата