logo
logo
logo

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД КОЧАНИ ДО Г.П. ВО ДЕЛЧЕВО

Vecer | 13.03.2026

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД КОЧАНИ ДО Г.П. ВО ДЕЛЧЕВО

Премиерот Христијан Мицкоски најави изградба на експресен пат што ќе ги поврзува Кочани и Виница, Делчево до граничниот премин.

Проектирањето, на првата делница од Кочани до Виница е завршено, а финансирањето ќе биде со сопствени средства.

-Доаѓаме за нови проетки во овој период од годината, за кои очекувам да додаде вредност во квалитетот на живот на жителите на општина Кочани. Овие проекти се дел од минатото за кои зборувавме исто како што е и оној капитален проект изградба на експресен пат којшто ќе ги поврзува Кочани со Виница, Делчево и граничен премин со Бугарија. Првата делница од Кочани до Виница, проектирањето е завршено, а ќе се изведува со сопствени средства – рече Мицкоски, по почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во општина Кочани.

Мицкоски информира дека сега се бара финансирање за делот од Виница до Делчево за кои се разговара и со Светска банка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk