logo
logo
logo

ЕВРОПА СЕ ПОВЕЌЕ ЗАОСТАНУВА ЗАД САД И АЗИЈА, предупреди Норвешкиот фонд

Vecer | 09.06.2025

ЕВРОПА СЕ ПОВЕЌЕ ЗАОСТАНУВА ЗАД САД И АЗИЈА, предупреди Норвешкиот фонд

Норвешкиот суверен фонд кој располага со богатство од 1,7 трилиони долари упати јасен повик до Европската комисија да спроведе длабоки реформи на пазарот на капитал, предупредувајќи дека Европа заостанува уште повеќе зад своите конкуренти во САД и Азија.

Во писмо што ќе биде испратено оваа недела како дел од консултациите за интеграција на пазарот на капитал, а до кое имаше пристап „Фајненшл тајмс“ (FT), Фондот повикува на хармонизација на даночните и надзорните правила и прописи во несолвентноста меѓу членките на Европската унија со цел да се отстранат бариерите што го попречуваат развојот на пазарот.

„Европските пазари постепено заостануваат во однос на деловната динамика и понудата на инвестициски можности за институционалните инвеститори“, се наведува во писмото.

Фондот проценува дека клучните пречки се различните национални закони за хартии од вредност, компании и банкрот.

Во последните 10 години, норвешкиот фонд значително го намали уделот на европските акции во своето портфолио, од 26 проценти на само 15 проценти.

Во истиот период, уделот на американските акции се зголеми од 21 процент на дури 40 проценти, додека бројот на европски компании во кои инвестира фондот се намали за 25 проценти на вкупно 1.546.

„Европските акции станаа помалку конкурентни во споредба со американските и азиските“, објаснува извештајот што го пренесува порталот „Energy voice“.

Директорката за пазарни стратегии на Фондот, Малин Норберг, изјави за FT дека „чувството за итност кај европските донесувачи на одлуки навистина постои“, но нагласи дека решенијата лежат во конкуренцијата и иновациите, а не во новите регулативи.

Нафтено богатство сè уште сочинува 24 проценти од БДП на Норвешка, но Фондот сè повеќе се позиционира како глобален инвеститор кој инсистира на конкурентни пазари и ефикасни политики.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk