Европската Унија разгледува правила што би барале од европските компании да набавуваат критични компоненти од најмалку три различни добавувачи, во обид да ја намалат зависноста од Кина, објави „Фајненшл тајмс“.
Новите мерки би биле насочени кон компании во неколку клучни сектори, вклучувајќи хемикалии и индустриски машини, и би ги ограничиле купувањата од кој било поединечен добавувач на околу 30%-40%, се вели во извештајот, пренесува Баха.
Останатите компоненти би морале да доаѓаат од најмалку три различни добавувачи, не сите од истата земја, се додава во извештајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата