logo
logo
logo

Авганистанската државна авиокомпанија купи мотори од Србија и Турција за 4,7 милиони долари

Vecer | 12.01.2026

Авганистанската државна авиокомпанија купи мотори од Србија и Турција за 4,7 милиони долари

Државната компанија за цивилно воздухопловство на Авганистан, „Аријана Афган ерлајнс“, увезе два нови мотори за авиони во вредност од речиси 4,7 милиони американски долари од добавувачи од Србија и Турција, објавија авганистанските и медиумите специјализирани во секторот за воздухопловна индустрија.

Во соопштението објавено во вторник, компанијата соопшти дека моторите се купени во согласност со меѓународните технички стандарди и се доставени во Кабул со чартер карго лет. Планирано е тие да се инсталираат на авиони „Боинг 737“ и „Ербас А310“ за да се обезбеди побезбедно, постабилно и поредовно летање, објавува „Кабул Трибјун“.

Бахт-ур-Рахман Шарафат, шефот на „Аријана Афган ерлајнс“, контролирана од Талибанците, како што цитираше овој медиум, рече дека „навремената набавка на техничка опрема за авиони е клучен чекор кон обезбедување на безбедноста на патниците, одржување на уреден распоред на летови и обезбедување сигурни национални воздушни услуги“.

- Активирањето на нови мотори ќе го зголеми капацитетот на летовите, ќе ги намали доцнењата и техничките проблеми и ќе овозможи подобро планирање и за домашните и за меѓународните летови - додаде тој.

Според eplaneai.com, моторите се набавени за да се зголеми капацитетот на флотата и да се поддржат и домашните и ограничените меѓународни операции, во време кога Аријана се соочува со значителни финансиски притисоци и проблеми при набавка на резервни делови поради санкциите.

Фокусот на Србија и Турција покажува како регионалните добавувачи стануваат важни за компаниите кои немаат пристап до западните пазари, при што локалните MRO и сервисни центри се користат како клучни партнери за одржување на флотите на цивилните компании во санкционираните или изолирани земји.

Кои се конкретните добавувачи од Србија и Турција не е објавено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk