Енди Бајрон, извршен директор на платформата за обработка на податоци „Астрономер“, беше фатен на големиот екран во интимен момент со директорката за човечки ресурси на истата компанија, Кристин Кабот, за време на концертот на „Колдплеј“ во Масачусетс.
Така се најде во центарот на скандал кој привлече големо внимание од јавноста.
Бајрон е извршен директор на компанијата со седиште во Њујорк (и канцеларии во Сан Хозе и Сан Франциско) од 2023 година.
Компанијата е специјализирана за решенија за DataOps и развој на платформата „Астро“.
Подем во технолошкиот свет
Во јули 2023 година, Енди Бајрон ја презеде функцијата извршен директор на „Астрономер“, компанијата позната по платформата „Астро“, базирана на „Апачи Ерфлоу“.
Од неговото доаѓање, компанијата забележа експлозивен раст, со повеќе од 292 проценти годишен раст на приходите, како и повеќе од милијарда завршени задачи на платформата, додека преземањата на „Апачи Ерфлоу“ скокнаа на 30 милиони месечно, според веб-страницата на компанијата.
Пред „Астрономер“, Бајрон имал високи менаџерски позиции во „Сајберисон“, „Фјуз“ и „Лејсворк“, каде што работел на глобална експанзија на бизнисот и развој на продажниот тим.
Инвеститори како „Бејн Капитал“ и „Сејлсфорс Венчрс“ јавно ја пофалиле визијата и ефикасноста на Бајрон во водењето на „Астрономер“, што ѝ овозможило на компанијата да надмине проценка од повеќе од 1 милијарда долари.
За време на неговиот мандат, „Астрономер“ ги собра водечките индустриски експерти, како што е Картер Пејџ (поранешен експерт за „Гугл“ и „Ту Сигма“, за дополнително зајакнување на секторот за истражување и развој.
Критики на поранешни вработени
Скандалот ги натера поранешните вработени да проговорат за стилот на лидерство на Бајон.
Како што објавија медиумите, поранешните соработници од „Астроном“ и „Сајберисон“ го опишале како „токсичен“ менаџер кој наводно се обидувал да постигне резултати со закани и притисок.
Многумина, според нив, уживале во неговото јавно срамење на мрежите.
Заработка
Служби како „Оулер“ наведуваат проценки дека маржата на „Астро“ и годишните приходи на компанијата (100-250 милиони долари) укажуваат дека вкупната годишна компензација на Енди Бајрон би можела да биде во опсег од 5-25 милиони долари.
Сепак, деталната структура на неговата компензација (основна плата, бонуси, акции) не е објавена јавно и „Астрономер“ не објавува јавно изјави за компензација како што прават големите јавни компании (на пр. „Атласијан“, „ЕјБај“ итн.).
Енди Бајрон останува еден од највлијателните луѓе во светот на „ДатаОпс“ и технологиите со отворен код. Сепак, неговиот деловен успех сега е засенет од приватен скандал што покрена прашања за етичкото однесување на лидерите во технолошките компании.
Дали ќе продолжи да го води „Астрономер“ или дали последиците од скандалот ќе влијаат на неговата кариера, останува да се види.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата