Земјотрес со јачина од 5,2 степени напладне го погоди грчкиот остров Самос во Егејското Море, јави весникот „Катимерини“. Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, објави дека потресот е регистриран во 13 часот и 10 минути по локално време. Неколку минути претходно, во 12:56 часот, областа ја погоди малку послаб земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Во 13:19 часот имаше трет, многу послаб земјотрес со јачина од три степени. Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри југозападно од селото Питагора на Самос, на длабочина од 12,8 километри. Од земјотерсите се стресоа и Кушадаси, Измир и Мугла, во Турција.
Земјотрес денеска имаше во Словенија и Хрватска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата