logo
logo
logo

Загреб се откажа од Приштина

Vecer | 07.01.2022

Загреб се откажа од Приштина

Редовната линија меѓу Приштина и Загреб која беше воведена на 15 декември, пред неполн месец при што беа  најавени три лета неделно.

Набргу по почетокот на работаталетовите беа откажани во понеделник, а наскоро ќе бидат откажани и другите.

Имено, косовскиот тур-оператор се повлече од продажба на билети на оваа линија по 2 февруари 2022 година и нема да има летови помеѓу Заегреб и Приштина пишува Croatianaviation.com.

Факт е дека линијата е воведена пред неполн месец, оттогаш бројот на неделни ротации е намален а сега веќе е познат датумот кога ќе се укине. Објективно гледано, линијата дефинитивно е воведена во погрешно време, но не се памети дека една авиокомпанија го намалила бројот на ротации и го одредила нејзиниот крај за помалку од еден месец од воведувањето на линијата. Линијата повеќе не е објавена за распоредот на летање, нема билети за директен лет меѓу двата града по 2 февруари 2022 година.

Croatia Airlines продава билети за овие летови преку договор за код-шер помеѓу споменатите партнери во овој проект, а последниот лет достапен за резервација со хрватската национална авиокомпанија е секако на 2 февруари.

Прашање е дали, кога и кој ќе се обиде повторно да воведе редовна линија меѓу Приштина и Загреб по ваквиот неуспех на косовскиот тур-оператор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk