logo
logo
logo

За Србија од ЕУ фондови 325,2 милиони евра, од кои 240 милиони се бесповратни средства

Vecer | 06.08.2025

За Србија од ЕУ фондови 325,2 милиони евра, од кои 240 милиони се бесповратни средства

Договорот за финансирање на повеќегодишната оперативна програма за секторите животна средина и енергетика во вредност од 325,2 милиони евра, потпишан од Србија и Европската унија, предвидува 240 милиони евра грантови од фондовите за пристапување кон ЕУ, соопшти денеска српското Министерство за европски интеграции.

Повеќегодишната оперативна програма за животна средина и енергетика ќе ја управуваат српските институции во индиректен систем на управување, во согласност со начинот на кој членките на ЕУ ги спроведуваат програмите во рамките на фондовите за кохезија и регионален развој.

Државната секретарка во Министерството за европски интеграции, Мира Раденовиќ Бојиќ, изјави дека Договорот овозможува значителна финансиска поддршка за подобрување на заштитата на животната средина и понатамошен развој на енергетиката.

„На овој начин, обезбедивме поддршка за одржливо управување со отпад, подобрување на инфраструктурата за третман на отпадни води и поттикнување на примената на мерки за енергетска ефикасност во јавните згради и домаќинствата“, рече Мира Раденовиќ Бојиќ.

Таа изјави дека програмата ќе го поддржи и развојот на капацитетите за транзиција кон обновливи извори на енергија и подобрување на јавните системи за вода и канализација и ќе вклучува мерки за заштита на квалитетот на воздухот.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Андреас фон Бекерат, изјави дека договорот е уште еден пример за силна и долгорочна поддршка за Србија.

Програмата ќе се спроведува од 2025 до 2032 година, а стапката на кофинансирање на програмата е 26,2 проценти, се наведува во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk