logo
logo
logo

За четири месеци Албанија ја посетиле 2,45 милиони туристи, највисока бројка досега

Vecer | 23.05.2025

За четири месеци Албанија ја посетиле 2,45 милиони туристи, највисока бројка досега

Премиерот Еди Рама ги сподели бројките во објава на Фејсбук, истакнувајќи дека 820 илјади странски посетители уживале во Албанија само во текот на април.

„Во Албанија, во текот на месец април уживале 820 илјади странски посетители, зголемувајќи ја нивната вкупна бројка на 2,45 милиони во  првите 4 месеци од 2025 година. Овој раст покажува дека Албанија ја консолидира својата нова позиција на европската туристичка мапа, бидејќи и понатаму се смета за изненадување на европските дестинации дури и за 2025 година, пишува Рама.

Во објавата наведува дека во периодот јануари - април минатата година во земјата престојувале 2,33 милиони, наспроти претходната  2023 година кога Албанија ја посетиле 1,68 милиони. 

Минатата година во Албанија престојувале над 11,7 милиони странски туристи, со зголемување од 15,2 отсто во однос на 2023 година./MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk