logo
logo
logo

Вулин: Очекувам ФСБ наскоро да испрати делегација за да истражи што се случи на протестот

Vecer | 26.03.2025

Вулин: Очекувам ФСБ наскоро да испрати делегација за да истражи што се случи на протестот

Потпретседателот на Владата на Република Србија во технички мандат, Александар Вулин изјави дека делегација на експерти од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ќе дојде наскоро во Србија за да утврди дали на протестот на 15 март во Белград било употребено звучно оружје, јави дописникот на МИА од Белград. 

Вулин наведе дека мандатот на ФСБ е да утврди дали било користено звучно оружје, ако е така - на кој начин.

„Тоа оружје не беше употребено, но тие треба да ни кажат што се случило. Немаме што да криеме, нема причина да не му покажеме на целиот свет, и западните и источните разузнавачки служби, да дојдат, да се уверат и да ја завршат оваа приказна“, посочи Вулин.

„Русија апсолутно не поддржува во борбата против обоената револуција, не затоа што сака да се меша во нашите внатрешни односи, туку затоа што верува дека суштината на меѓународното право е дека секој има право на свој пат, а не некој да организира немири и протести само затоа што размислува поинаку, а особено затоа што не сакаме да воведеме санкции кон Русија“, смета Вулин.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Брисел најави дека за два-три дена ќе пристигнат од руската ФСБ, дека се надева и од американското ФБИ ќе пристигнат во Белград за седум-осум дена, „а добредојдени се и претставници на ОН“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk