logo
logo
logo

Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово

Vecer | 15.09.2024

Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово

- Ако на тој пат бидеме соочени со признавање на така нареченото Косово или обврската да овозможиме истополови бракови или учество во конфликтот со Русија и Кина, не треба ни да одиме по тој пат, изјави Вулин во интервју за „Вечерње новости“.

Тој нагласи дека „додека не ни го кажат тоа, наше останува да се држиме до нашата воена неутралност, реформите што ни одговараат и да се обидеме да ја зајакнеме Србија во времето што доаѓа“.

На прашањето дали Србија со купувањето на француските авиони „Рафал“ го направила најголемото свртување кон Запад досега, Вулин рече дека тоа е прагматична, а не политичка одлука и дека Србија ќе го брани своето небо со „рафали“ и „мигови“

Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за време на нивната неодамнешна средба во Русија, не ги спомнал „рафалите“, „но дека ја спомнал трговската размена, гасниот аранжман и руската поддршка за секоја српска борба“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk