logo
logo
logo

Вучиќ ја помилуваше Милица Стојадиновиќ која удри студентка со автомобил за време на протест во Белград

Vecer | 05.08.2025

Вучиќ ја помилуваше Милица Стојадиновиќ која удри студентка со автомобил за време на протест во Белград

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, донесе одлука да ја помилува Милица Стојадиновиќ, која беше обвинета дека во јануари годинава за време на протест во Белград со автомобил тешко повреди студентка. Оваа информација ја потврдија од Третиот основен суд во Белград.

Како што објавија истражувачките медиуми, Вучиќ јавноста ја информираше за оваа намера уште минатиот месец, проследена со серија дополнителни олеснувања за Стојадиновиќ – најпрво обвинението беше ублажено, а потоа таа беше пуштена и од притвор.

„Ништо не заслужи вакво судење“

– Ништо тоа (судење) не го заслужи. За мене е ужасно што како претседател, кој девет години не помилувал никого, сега морам да исправувам неправди кои ги предизвикуваат обвинителствата и судовите, изјави во јули Вучиќ, коментирајќи го случајот со Милица Стојадиновиќ.

Со оваа одлука, судот на 1 август ја отфрли обвинението против Стојадиновиќ и таа беше целосно ослободена за делото што го сторила.

Ова не е изненадувачко, бидејќи претходно и други одлуки одеа во прилог на Стојадиновиќ.

Од тешко кривично дело до ублажено обвинение

Иако првично беше обвинета за обид за убиство (за што се предвидува казна затвор од 10 или повеќе години), главниот обвинител на Вишото обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, ѝ го промени обвинението на „тешко дело против општата безбедност“.

Со оваа промена, на Стојадиновиќ и’ се закануваше до пет години затвор, а предметот беше префрлен во понизок суд – Третиот основен суд во Белград.

Промената на квалификацијата беше проследена и со промена на обвинителот. Стефановиќ го одзеде случајот од обвинителката Јелена Белопавловиќ, која првична ја обвини Стојадиновиќ за обид за убиство. Таа беше мета на напади од таблоидните медиуми, кои ја обвинуваа за „дел од судството кое е одметнато од државата и правдата“.

На крај, Стојадиновиќ беше пуштена и од притвор, каде се наоѓаше од јануари.

Продолжување на трендот на помилувања

Ова не е единствениот контроверзен случај во кој претседателот на Србија помилува напаѓачи против студенти. Претходно, четворица членови на владејачката Српска напредна партија беа помилувани, иако беа обвинети дека ѝ ја дислоцирале вилицата на студентка за време на протестите во Нови Сад.

Од почетокот на ноември минатата година, студентите организираат блокади на улици низ цела Србија за да оддадат почит на загинатите во несреќата со покривот на железничката станица во Нови Сад, каде починаа 16 луѓе.

Покрај блокадите на улиците, студентите започнаа и со блокади на факултетите, барајќи одговорност од надлежните за реконструкцијата на покривот, како и спроведување на постапка против напаѓачите кои ги нападнаа нивните колеги.

Досега нивните барања не се остварени.

Извор: Danas.rs, KRIK

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk