logo
logo
logo

Вучиќ: Во Охрид ништо не потпишувам, ќе разговарам за нормализација на односите

Vecer | 17.03.2023

Вучиќ: Во Охрид ништо не потпишувам, ќе разговарам за нормализација на односите

Вучиќ изјави дека се надева на пристоен разговор во Охрид и можност да се придвижат работите, но и дека таму не оди со пораки, бидејќи се што имал кажал во лице на специјалните претставници за дијалог на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак и Гарбиел Ескобар.

-Не патувам за Охрид со пораки, туку ги застапувам интересите на државата Србија и на нашиот народ на Косово и Метохија, рече Вучиќ во Инџија, одговарајќи на новинарско прашање да ја коментира изјавата на американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, дека верува во позитивен исход од средбата во Охрид и со какви пораки патува во Македонија.

Вучиќ истакна дека Заедницата на српските општини може да се формира само врз основа на четири потпишани документи, и тоа документите за управувачкиот тим, принципите, имплементацијата и основниот, односно првиот договор.

-Сите четири се потпишани и нивната содржина мора да се исполни. И нивната фантазмагорија за данските, шведските и другите модели, не ме интересираат особено, ме интересира тоа што е потпишано да се исполни, рече Вучиќ во Инџија, одговарајќи на новинарско прашање за „предлогот за инспирација“ на 15 европски модели за формирање на ЗСО кои ги спомена Албин Курти и дали Управувачкиот тим му дал овластување на Мирослав Лајчак тоа да го предложи.

Вучиќ изјави и дека не мисли оти Лајчак така рекол, бидејќи го прашал за тоа, но наведе и дека без разлика што некој проучува и дали сака да ја обесмисли, ЗСО мора да оди во согласност со она што е потпишано.

Говорејќи потоа на митингот во Сремска Митровица, Вучиќ рече дека по налогот на Меѓународниот суд во Хаг за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, ставот на Белград утре во Охрид, каде што треба да се сретне со косовскиот премиер Абин Курти, ќе биде потежок, па мора да размислува „уште поодговорно“.

Според него, со таа наредба Западот сака да изврши дополнителен притисок врз сите кои веќе не се најсилно против Путин, и секој што размислува за Русија „ќе биде изложен на најтешки последици“.

Во руската јавност таа судска постапка ќе наиде на потсмев, иако не е ниту за насмевка, ниту за потсмев, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека „двете страни покажуваат дека нема отстапка, дека одат до крај на се или ништо, да се уништат меѓусебно“ и дека мирот сега е забранет збор во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk