logo
logo
logo

Вучиќ во Белград со унгарскиот премиер Орбан за геополитичката ситуација и плановите

Vecer | 25.03.2023

Вучиќ во Белград со унгарскиот премиер Орбан за геополитичката ситуација и плановите

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто со кои разговараше за развојот на геополитичката ситуација, проценките, плановите, новите проекти и соработката, јави дописникот на МИА од Белград.

„Со Виктор Орбан и Петер Сијарто за развојот на геополитичката ситуација, проценките, плановите, новите проекти и соработката, за иднината“, напиша Вучиќ на Инстаграм будуќностсрбијеав, заедно со фотографии од средбата.

„Пријателствата се градат долго и внимателно, се зацврстуваат и јакнеат во тешки времиња, а вистинските се драгоцени токму затоа што се исклучително ретки, особено во политиката и особено во денешно време. Секогаш одговорни, сериозни, искрени, со почит и доверба“, истакна Вучиќ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека унгарско-српските односи се на историски високо ниво.

-По Брисел, малку свеж воздух во Белград. Унгарско-српските односи се на историски високо ниво. Ви благодариме за средбата и пријателството, претседателе Вучиќ, напиша Орбан на својот Твитер со фотографии од партијата билијард што ја одигра со српскиот претседател.

Вучиќ изјави и дека со унгарскиот премиер три и пол часа разговарал за сите стратешки прашања на соработката.

-По три и пол часа разговор за сите стратешки прашања на соработката меѓу Унгарија и Србија, одиграв билијард со премиерот Орбан. Горд сум на пријателството меѓу Србите и Унгарците и благодарен на Виктор Орбан што вложи многу труд и енергија тоа пријателство да биде суштинско и искрено, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk