logo
logo
logo

Вучиќ со амбасадорита на Квинта: Побарав КФОР да се грижи за безбедноста на северно Косово

Vecer | 26.09.2023

Вучиќ со амбасадорита на Квинта: Побарав КФОР да се грижи за безбедноста на северно Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска имаше состанок со амбасадорите во Белград на земјите од Квинта - САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на Европската унија, при што побара КФОР да се грижи за „сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.

Александар Вучиќ соопшти на Инстаграм дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставниците на Квинта.

-Го повторив ставот на Србија за последните настани на Косово и Метохија и побарав КФОР да ја превземе грижата за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека го поставил и прашањето -зошто косовската полиција одбила да му дозволи на ЕУЛЕКС да присуствува на самата операција, која била спроведена на територијата на северот на Косово.

На средбата на Александар Вучиќ со амбасадорите на Квинта и на Европската Унија присуствуваше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk