logo
logo
logo

ВУЧИЌ: „Можни се парламентарни избори од 17 декември“

Vecer | 27.09.2023

ВУЧИЌ: „Можни се парламентарни избори од 17 декември“

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на вечерашното гостување на РТС изјави дека можни се парламентарни избори на 17 декември.

- Добив писмо, еве го официјално. Мора да ги почитувате демократијата и опозициските партии, а јас не сум некој кој е ентузијаст за нивната работа. Би сакал поголема одговорност особено во тешки времиња за земјата. Не би било лошо, луѓето би можеле да го ценат тоа. Но, тие рекоа дека економијата е уништена, јас не се согласувам со ништо од тоа и ја прифатив нивната идеја - рече претседателот и додаде:

- Подготвени сме за изборите од 17 декември. Потоа може да се одржат избори. Тие ќе бидат парламентарни, покраински, белградски и во некои други оштини, рече Вучиќ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk