logo
logo
logo

Вучиќ: Не сакаме војна, војската нема да влезе на Косово, ќе се повлечеме од тоа подрачје

Vecer | 30.09.2023

Вучиќ: Не сакаме војна, војската нема да влезе на Косово, ќе се повлечеме од тоа подрачје

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема намера да ѝ нареди на армијата да ги премине административните премини со Косово, додавајќи дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската унија.

„Зошто ова би било корисно за Белград? Која би била идејата? Да ја уништиме нашата позиција што ја градевме една година? Да ја уништиме за еден ден? Србија не сака војна“, рече Вучиќ во изјавата за „Фајненшл Тајмс“, како што јави Танјуг.

Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.

„Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денес имаме 7.500 и тоа ќе го намалиме на 4.000“, рече Вучиќ.

Тој рече дека е „чиста лага“ дека Србија ја испраќа војската на административна линија.

„Србија нема да има корист од тоа бидејќи би ја загрозило нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија“, рече Вучиќ во изјава за ФТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk