Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, и во таа прилика, и се обрати на германски јазик.
Вучиќ, кој е домаќин на Меркел за време на дводневната посета, на својата гостинка и посака добредојде на нејзиниот јазик.
https://youtu.be/T9JfgMfBgAI
- Herzlich Wilkommen - рече Вучиќ кога Меркел се симна од авионот, а потоа и подари цвеќиња.
По краткиот поздрав со српската делегација, Меркел се качи во автомобилот и се упати кон градот.
- Bis bald- рече Вучиќ откако ја придружуваше Меркел до вратата на автомобилот или во превод „Се гледаме наскоро“.
View this post on Instagram
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата