logo
logo
logo

Вучиќ и Борел на средба за состојбата на Косово: Безбедноста на српската заедница е приоритет

Vecer | 01.06.2023

Вучиќ и Борел на средба за состојбата на Косово: Безбедноста на српската заедница е приоритет

- Отворен разговор со Жозеп Борел за сложената ситуација на Косово, како и за последиците од неодговорното однесување на институциите во Приштина.

Повторив дека од почетокот одговорно, совесно и сериозно пристапивме кон решавањето на сите отворени прашања во текот на дијалогот со Приштина и нагласив дека на сите еднострани потези и провокации одговоривме трпеливо и смирено.

За Србија, безбедноста на српската заедница на Косово отсекогаш била приоритет, заедно со зачувувањето на мирот и стабилноста. Укажав дека формирањето на Заедницата на српските општини е основна обврска од Бриселскиот договор, а особено истакнав дека од приоритетно значење е институциите во Приштина да престанат со насилството и да се вратат на дијалогот – се наведува во соопштението на претседателот на Србија, објави српски Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk