logo
logo
logo

Вучиќ: Авиобилет на релација Москва- Белград денеска се продаваше за 9.000 евра

Vecer | 21.09.2022

Вучиќ: Авиобилет на релација Москва- Белград денеска се продаваше за 9.000 евра

„Денеска картата Москва-Белград на црниот пазар поради мобилизација и многу други работи скокна на речиси 9.000 евра“, изјави Вучиќ од Њујорк за ТВ Танјуг.

Зборувајќи за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за мобилизација, Вучиќ рече дека е јасно оти „Путин нема да се предаде и покрај напредокот на украинската армија во последните 209 дена и на истокот и на југот на Украина“.

„Јасно е дека ќе се борат“, рече Вучиќ и додаде:

„Јасно е дека украинските војници беа нумерички надмоќни, беше пет или седум спрема еден. Руските војници немаа речиси никакви шанси и претпоставувам дека затоа ја донесе одлуката да ја мобилизира резервата.“

Вучиќ изјави дека Западот „очекуваше целосен пораз на Русија“, но дека тоа сега ќе биде отежнато со одлуката на Русија за мобилизација.

Претседателот на Србија рече дека „лесно е да се седи дома и да се навива“, и дека „јасно е за кого се навива во Србија“.

Што се однесува до Србија, „секој ден ќе биде потежок и потежок“, изјави Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk