logo
logo
logo

Вучиќ: Пред малку разговарав со Путин, разбира што се случува во регионот (ВИДЕО)

Vecer | 07.03.2025

Вучиќ: Пред малку разговарав со Путин, разбира што се случува во регионот (ВИДЕО)

„Многу добар разговор со претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин за сите важни прашања од нашата билатерална соработка и потврда за претстојната средба на 9 мај во Москва“, рече Вучиќ.

„Разговаравме за политичката соработка, како е неопходно да продолжи закрепнувањето на трговската размена и економската соработка“, рече Вучиќ, пренесе Индекс.

Тој вели дека една од главните теми е договорот за снабдување со гас.

„Една од клучните теми беше ситуацијата во регионот. Му ја пренесов пораката од претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Путин добро ја разбира ситуацијата во регионот, ги гледа обидите и потезите на високиот претставник во БиХ, дека целта е да се собори Додик. Руската Федерација отсекогаш ги поддржувала Дејтонскиот договор и Република Српска.“

Морам да кажам и дека луѓето во Србија се загрижени за обидот за обоена револуција и јас разговарав со него за тоа. Му се заблагодарив што руските власти не го поддржуваат. „Путин имаше јасен, прецизен став дека Русија разбира и гледа што се случува и дека ќе продолжи да ја поддржува легитимно избраната влада во Србија“, рече Вучиќ.

„Посебно ми беше важно да ја потврдам посетата на Русија на 9 мај, таму ќе бидам на 80-годишнината од прославата на победата над фашизмот“, рече Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk