- Во овие тешки политички времиња стана јасно кој е подготвен да се бори, кој не е, кој е подготвен да работи, кој не е, кој се крие во глувчешка дупка, кој не. И соодветно на тоа, очекувам дека повеќе од 50 проценти од сегашните министри ќе бидат сменети во многу, многу итна реконструкција - рече Вучиќ во своето обраќање пред граѓаните во Палатата Србија, пренесе Телеграф.
Тој додаде дека работата мора да продолжи и државата да функционира.
- Земјата мора да функционира и нема поважна задача што ја има една влада од организацијата на животот и подобрувањето на животниот стандард. И со тоа треба да се справи“, потенцира Вучиќ.
Тој изјави дека оваа недела ќе има многу важни работи, од отворањето на автопатиштата до доаѓањето на, како што рече, важни гости.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата