- На протестот присуствуваа повеќе од 12.000 луѓе. Највисоката проценка е 13.700. Тоа е респектабилна бројка на луѓе, тие накратко кажаа некои свои ставови и тоа е тоа, рече Вучиќ за време на гостувањето на телевизијата Пинк, пренесе Бета.
Студентскиот протест „Важно е да имаш (у)став“ на кој присуствуваа неколку илјади студенти и граѓани заврши кусо по 17 часот, а студентите посочија кои членови од Уставот сметаат дека власта ги прекршила изминатите месеци./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата