logo
logo
logo

Вучиќ и Лихачов разговараа за енергетската соработка меѓу Србија и Русија

Vecer | 13.02.2025

Вучиќ и Лихачов разговараа за енергетската соработка меѓу Србија и Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оствари средба со генералниот директор на руската државна корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“, Алексеј Лихачов, при што беше разговарано за натамошно унапредување на соработката меѓу Србија и Русија во енергетскиот сектор.

„Одлична средба со генералниот директор на ‘Росатом’ Алексеј Лихачов, со кого разговаравме за стратешки прашања, вклучително соработката во енергетиката и безбедноста на нуклеарната енергија. Дискутиравме и за клучните геополитички предизвици, нагласувајќи го значењето на стабилноста, мирот и дијалогот во меѓународните односи“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Српскиот претседател истакна дека Србија, како воено неутрална земја, настојува да гради односи базирани на меѓусебно почитување и економски напредок.

Белград, според него, е подготвен да ја зајакне соработката со Русија во областа на иновациите и новите технологии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk