„Мислам дека сме многу поблиску до избор на нова влада, но не можам да ја отфрлам можноста за нови избори. Во случај да немаме договор, претседателот да не може да ја заврши целата приказна во однос на формирање на целиот кабинет, оставам мала резерва дека тоа сценарио е исто така можно“, изјави денеска Вучевиќ за белградски медиуми, јави дописникот на МИА од Белград.
„Очекувам во текот на денешниот ден или најдоцна утре органите на партијата, пред се СНС, но и коалиционите партнери, да го потврдат тоа што ќе го предложиме како решение (двајца кандидати) и за тоа да го известиме претседателот на Републиката за да може да ја информира јавноста на кого му го доверува мандатот“.
Тој вчера по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за новиот премиер на Србија, рече дека коалицијата собрана околу СНС смета дека не треба да има нови избори, и дека ќе предложат двајца кандидати за претседател.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа од Софија изјави дека името на новиот мандатар за состав на влада ќе биде познато до сабота попладне.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата