logo
logo
logo

Вработени во Радио Телевизија Војводина ќе емитуваат „Слободен дневник“

Vecer | 02.02.2025

Вработени во Радио Телевизија Војводина ќе емитуваат „Слободен дневник“

Во исто време, на Првиот канал на телевизијата се емитува централната информативна програма, што ја реемитува Радио телевизија на Србија (РТС).

Вработените во РТВ укажуваат на непрофесионалното известување на јавниот сервис за настаните што следеа по уривањето на настрешницата на Железничката станица, поради што побараа оставка од редакцијата на првата програма на телевизијата.

„Со оглед на тоа што барањето не е исполнето, а јавниот сервис има законска, а пред се етичка обврска кон граѓаните, дел од вработените решија на овој начин да го бранат јавниот интерес“, велат дел од вработените во Јавен сервис на Војводина.

Тие имаат поддршка од два синдиката. Беше најавено и дека во пресрет на „Слободниот дневник“ ќе биде организирана специјална програма./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk