logo
logo
logo

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

Vecer | 03.10.2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

Во соопштението до медиумите, обвинителството наведува дека се приведени и под истрага се и 48 жени од различни националности.

„Лицето Лукас Бетанкур (25), уапсено во Колумбија, бил организатор на групата и имал главна улога во регрутирањето девојки од земји на Латинска Америка и организирањето на нивното патување и сместување во Албанија, каде што потоа биле принудувани на проституција. Двојките биле насилно држани а на нивните семејства им се заканувал доколку девојките се обидат да заминат, стои во соопштенето на Обвинителстото.

Албанскиот државјанин Дритан Сукај бил главниот во управувањето со мрежата во Тирана, Асел Адришева и Кејвин Ндреу биле тутори на неколку девојки од Казахстан, додека Денис Бериша, член на групата, ги дрогирал девојките и им наоѓал клиенти.

„Собраните средства од оваа активност лицето К.П., ги инвестирало во криптовалути на сметката на Лукас Бетанкур кој е уапсен во Колумбија. Активноста била спроведена во хотелот на Илир Гугаши, кој се наоѓа на улицата „Решит Чолаку“ во Тирана, се наведува во соопштето.

Операцијата против мрежата на проституција се смета за најголема во земјата. Во август минатата година беа уапсени неколку кинески државјани кои регрутираните девојки и ги принудувале на проституција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk