logo
logo
logo

Во Србија за две недели собрани повеќе од 650 илјади евра солидарна поддршка на просветарите

Vecer | 26.03.2025

Во Србија за две недели собрани повеќе од 650 илјади евра солидарна поддршка на просветарите

 За две недели за солидарна поддршка за тие вработени, српски граѓани и компании уплатиле 76.290.000,00 динари на наменската сметка на Фондацијата „Алек Кавчиќ“, а во 2.166 исплати работниците во образованието добиле речиси 35 милиони динари, соопшти денеска фондацијата, јави МИА од Белград.

Според препораката на белградскиот средношколски форум, на вработените во образовниот систем на кои им се намалени платите за 25.000 и повеќе динари, ќе им бидат исплатени 18.700 динари од сметката на Фондацијата, а за намалувања помали од 25.000 динари ќе се исплаќаат 9.350 динари.

„Околу 20.000 наставници и ненаставниот кадар во образовните институции останаа без плати или не им беа исплатени целосните плати за февруари 2025 година. Се проценува дека треба заеднички да се соберат околу 100.000.000 динари помош за делумно да се намали разликата во неисплатените плати на наставниците“, велат од Фондацијата Алек.

Како што наведуваат, најголем придонес во солидарната акција за просветните работници дале самите граѓани, а веднаш се вклучиле претприемачи, мали и средни претпријатија, големите системи, како и Србите од дијаспората. Поединечно, најголеми плаќања имало од системите „Јунајтед груп“, „Јунајтед медиа“ и „СББ“ кои уплатиле над 10 милиони динари во еден ден, како и компанијата „Цептер“ која донирала 2 милиона динари.

На предлог на белградскиот средношколски форум, универзитетската заедница, ИТ заедницата на Србија и граѓаните, Фондацијата „Алек Кавчиќ“ се вклучи во кампањата за собирање средства за вработените во училиштата чии плати за февруари 2025 година се намалени поради блокадата на наставата.

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека 75 отсто од основните училишта работат редовно, додека само едно училиште е целосно затворено (во Омољица, блису Панчево), а повеќе од 80 отсто од средните училишта одржуваат настава со полн капацитет.

„Ситуацијата во училиштата е добра. Не е идеална, но станува многу подобра. Во моментов имаме над 70 проценти од основните училишта што работат сосема нормално. Сите наставници одржуваат часови по 45 минути, над 75 проценти, а само едно основно училиште во цела Србија, од 1.254 основни училишта, е целосно затворено“, изјави Брнабиќ за белградски медиуми.

 Што се однесува до средните училишта, состојбата се подобрува, посочи таа и додаде дека 58 средни училишта се целосно затворени. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk