logo
logo
logo

Во Србија продолжува акцијата на ЈО за откривање и процесуирање на корупцијата

Vecer | 19.02.2025

Во Србија продолжува акцијата на ЈО за откривање и процесуирање на корупцијата

Припадници на даночната полиција и на Внатрешната служба за приходи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во повеќе од 50 фирми во различни градови во Србија за да извршат проверка на нивната деловна активност. Акцијата е во рамки на кампањата за откривање и гонење на корупциски злосторства, утринава, јави РТС. Според медиумот кој се повикува на добро упатени извори, во моментов под лупа се над 50 фирми, а во наредните денови ќе се вршат контроли во уште поголем број фирми низ Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk