logo
logo
logo

„Во Србија ЌЕ СЕ ГРАДАТ 16 НОВИ АВТОПАТИ и експресни патишта“

Vecer | 02.06.2022

„Во Србија ЌЕ СЕ ГРАДАТ 16 НОВИ АВТОПАТИ и експресни патишта“

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Томислав Момировиќ денеска го отвори четвртиот српски Конгрес за патишта.

Министерот најави дека во Србија ќе се градат вкупно 16 нови автопати и експресни патишта.

„Ние сме на врвот на инвестицискиот бран во изградбата на патната транспортна инфраструктура во Србија. Во последните 10 години изградивме речиси 400 километри автопати и експресни патишта, што е рамо до рамо со развиените западноевропски земји“, рече Момировиќ.

„Така, приоритетите на министерството со кое раководам се јасни - изградба на модерна Србија на темелите на најмодерната инфраструктура“, рече Момировиќ.

Тој посочи дека од последниот собир во 2018 година е направена огромна работа во развојот на патната инфраструктура.

„Во овој момент има неколку проекти поважни од изградбата на патишта, бидејќи автопатите и брзите патишта носат ефикасен и безбеден транспорт на луѓе, поврзуваат региони и го зголемуваат потенцијалот на економијата“, рече тој.

Патниот транспорт во Србија, вели тој, е доминантен вид на сообраќај, кој сочинува околу 80 отсто од вкупниот обем на превезениот товар.

Тој посочи дека патната мрежа е една од најголемите капитални вредности во Србија и потсети дека Србија има близу 16.000 километри државни патишта од прв и втор ред, со 2.800 мостови, од кои близу 400 се мостови на автопатиштата.

Момировиќ напомена дека Србија го отворила Кластерот 4 во пристапните преговори на Србија со ЕУ, кој го вклучува поглавјето 21 - Трансевропски мрежи.

Тој нагласи дека ова е „потврда за инвестициите во инфраструктурата и нашата желба за подобра сообраќајна интеграција на Србија со соседните земји, вклучително и земјите членки на ЕУ.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk