logo
logo
logo

Во родното Ѓаково е погребан младиот ракометар Денис Тот (ВИДЕО)

Vecer | 12.04.2022

Во родното Ѓаково е погребан младиот ракометар Денис Тот (ВИДЕО)

Заедно со најблиските роднини и пријатели, од ракометарите се простија и голем број жители на Ѓаково, објави хрватсаки Индекс.

„Денис, ти благодарам за се што направи за твоето семејство, твојот град и спортот“, рекол свештеникот, пренесува Радио Ѓаково.

„Тешко е да се каже последно благодарам бидејќи можеше да направиш многу повеќе, но мораме да го прифатиме тоа. Тој нè напушта, но неговиот спомен останува“, рече свештеникот.

На погребот беа присутни и Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Миро Бичаниќ, Владо Ковачевиќ, Стјепан Јукиќ ...

Да потсетиме, сè уште има нерешени прашања во овој случај со две верзии на приказната од самиот почеток.

Првиот пат кога оваа вест стигна до хрватската јавност беше напишана за нападот на 27-годишен маж кој, како што тогаш објавија медиумите, бил претепан. Македонската полиција брзо ги демантираше обвинувањата, велејќи дека на телото на младиот човек немало видливи повреди. И началникот на скопската болница Маја Мојсова ги демантираше информациите дека Тот бил претепан.

„Ракометарот е во критична состојба.Слободно можеме да кажеме дека се бориме за неговиот живот.Она што е чудно во целата приказна е што на него нема траги на насилство.Тој е донесен на нашата клиника во критична состојба и неговото срце запрело. “, рече Мојсова пред да почине Тот.

Пред три дена се огласи и братот на починатиот Борис Тот кој рече дека неговиот брат „умрел од срцев удар, а не од некакви телесни повреди, тепачки или други глупости“.

Истиот ден, македонската полиција излезе со соопштение во кое тврделе дека хрватскиот ракометар Денис Тот починал како последица на физички конфликт и удар. На крајот од обдукцијата се покажало дека Тот претрпел тешко оштетување на мозокот поради удар во главата. Веднаш се уапсени две лица, а по трето се трага, соопшти македонската полиција, објави хрватски Индекс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk