logo
logo
logo

Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи

Vecer | 29.01.2025

Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи

Илјадници празни документи за идентификација со ознаки на повеќе од 50 земји ширум светот, вклучително и Србија, беа запленети во Приштина.

Документите биле пронајдени во импровизирана лабораторија за која се верувало дека биле користени за производство на фалсификувани документи. Истовремено, едно лице е уапсено и одредена му е мерка притвор од еден месец, соопшти косовската полиција.

Фалсификуваните бланко документи, како што е наведено, биле откриени минатиот петок кога во Приштина било запрено едно возило при што бил уапсен возачот Ф.К.

Потоа бил извршен претрес во куќа во Приштина, која, според косовската полиција, служела како „лабораторија“ за изработка на фалсификувани документи - пасоши, лични карти и возачки дозволи.

При претресот на оваа куќа биле пронајдени и запленети ласерски машини, принтери, повеќе од 20.000 микрочипови и илјадници документи од 51 земја во светот.

Пронајдени се и празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединетото Кралство, Бразил, Мексико, Германија...

На уапсениот возач му е изречена мерка притвор од еден месец.

Отворен е случај за „фалсификување документи“ и „организиран криминал“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk