Според информациите, кои се појавија во медиумите, во текот на вооружениот напад е употребено автоматско оружје, калашњиков, калибар 7.62 милиметри, а смртно настраданиот човек се наоѓал во автомобил со македонски регистарски таблички, објавија дел од косовските медиуми..
Веста за убиството ја потврди портпаролката на полицијата за регионот Приштина, Флора Ахмети, која рече дека убиството се случило околу 20 часот, на улицата Ц во Приштина.
„Денеска околу 20:00 часот е пријавена за пукање што се случило на улицата „Ц“ во Приштина. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од Итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот“.
Возилото од кое најверојатно било пукано е најдено изгорено во друг дел од градот.
Информацијата дали станува збор за макеоднски државјанин не е потврдена од македонските институции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата