logo
logo
logo

Во Нови Сад приведени петмина опозиционери

Vecer | 24.02.2025

Во Нови Сад приведени петмина опозиционери

Приведени се Владимир Вршајков – член на Партијата на слободата и правдата (ССП) во Градското собрание на Нови Сад, Срѓан Ѓуриќ – функционер на Движењето на слободни граѓани, Горан Јешиќ – основач на движењето Солидарност, Брајан Брковиќ – секретар на советничката група Браво и Предраг Драгојевиќ покраински пратеник на Народно движење Србија во Собранието на Војводина.

За сега не се познати причините за нивното приведување. Неофицијално Драгојевиќ би можел да биде обвинет за напад на службено лице, а останатите се товарат за прекршоци – нарушување на јавниот ред и мир.

Пред полициската станица каде се притворените, собрани се градски советници од различни опозициски партии, активисти и граѓани.

Сите приведени денеска беа на протестот пред Градското собрание на Нови Сад, кога демонстрантите фрлаа јајца, јогурт и брашно кон полициските кордони, кои ја обезбедуваа седницата на која беше избран нов градоначалник. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk