logo
logo
logo

Во Њујорк средба Вучиќ - Рубио, српскиот претседател денеска се обраќа на Генералното собрание на ОН

Vecer | 24.09.2025

Во Њујорк средба Вучиќ - Рубио, српскиот претседател денеска се обраќа на Генералното собрание на ОН

На средбата во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, Рубио и Вучиќ разговараа и за билатералниот стратешки дијалог меѓу Белград и Вашингтон, како и за учеството на САД на Експо 2027, се вели во соопштението.

Вучиќ објави дека имал важен и значаен разговор со Рубио за зајакнување на политичкиот дијалог меѓу Србија и САД, подобрување на економската соработка и заедничките безбедносни предизвици.

„Фокусот на разговорот беше на полето на економијата и трговијата, особено кога станува збор за решавање на прашањето за американските царини. Разговаравме и за можноста за нови инвестиции, соработка во областа на енергетиката и новите технологии, како и за перспективите што ги нуди механизмот на нашиот стратешки дијалог“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека за време на средбата нагласил дека Србија е посветена на зачувување на мирот и стабилноста, како предуслов за секој понатамошен напредок и подобар живот за сите граѓани.

Вучиќ, исто така, рече дека Србија, во исто време, ја цени поддршката на САД на патот кон полноправно членство во ЕУ, што, како што нагласи, „претставува една од стратешките цели на нашата земја“.

„Отворениот и искрен дијалог, заснован на меѓусебна доверба и почитување, е најдобриот начин за зајакнување на партнерството меѓу Србија и САД. Убеден сум дека нашите односи ќе добијат уште посилен моментум во иднина, во наша заедничка корист и во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот“, наведе Вучиќ во соопштението.

Тоа беше прва официјална средба меѓу Вучиќ и Рубио, а на средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ.

Вучиќ денеска ќе се обрати на Генералното собрание на ОН.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk