logo
logo
logo

Во манастирот на Косово најден арсенал со оружје, приведен еден од напаѓачите (ВИДЕО)

Vecer | 24.09.2023

Во манастирот на Косово најден арсенал со оружје, приведен еден од напаѓачите (ВИДЕО)

Граѓани на Приштина се собираат да запалат свеќи за припадникот на косовската полиција кој синоќа беше убиен во селото Бањска во општина Звечан. На палењето свеќи ќе присуствува и американскиот амбасадор во Косово.

Уапсениот член на група вооружени лица во селото Бањска е приведен во полициска станица во јужниот дел на Косовска Митровица, јавуваат приштинските медиуми.

Вечерва повеќе медиуми објавија видео снимено пред полициската станица во јужниот дел на Косовска Митровица, на кое се гледа паркирано возило во кое се припадници на специјалните единици на косовската полиција, јавува КоССев.

Напаѓачи со оклопни возила денеска упаднаа во село во регионот со мнозинско српско население на северот на Косово, се судрија со полицијата и се забарикадираа во православен манастир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk