Тројцата обвинети, кои помогнале во водење на компанија што наводно посредувала за тргување со криптовалути, се обвинети за измама. Обвинетите ги охрабрувале инвеститорите да инвестираат … иако знаеле дека компанијата што ја застапуваат … нема да тргува со пренесените виртуелни валути, туку ги користи за свои потреби, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Според обвинението, тројцата измамиле најмалку 220 инвеститори за најмалку 4,6 милиони евра. Измамите се извршени во периодот од 2018 година до 2023 година во Риека.
Обвинетите доколку бидат прогласени за виновни може да се соочат со казна затвор до осум години. Тие беа уапсени во ноември 2023 година и ослободен по три месеци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата