logo
logo
logo

Во Грција уапсени 39 лица за трговија со антиквитети – запленети 1.800 антички предмети

Vecer | 25.06.2025

Во Грција уапсени 39 лица за трговија со антиквитети – запленети 1.800 антички предмети

Вкупно 1.800 антички предмети меѓу кои голем број монети од различни периоди, животински и антропоморфни фигурини, разни предмети и антички маски, запленила грчката полиција во акцијата во која биле разбиени две криминални организации за трговија со антиквитети и уапсени се 39 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека двете криминални организации имале меѓународен карактер, бидејќи антиквитетите нелегално се извезувале во странство и 800 од предметите биле пронајдени во Германија.

Акцијата била спроведена како во повеќе делови на Грција, така и во Германија каде што била активирана европска истражна наредба преку судските власти и Eurojust, додека од Атина било испратено и барање до САД за правна помош.

Во првата криминална организација, активна од 2022 година, биле вклучени 36 лица, од кои 32 се уапсени, а останатите четворица се идентификувани и се бараат во Германија и Грција.

Членовите на организацијата со помош на соодветни средства и детектори за метал вршеле нелегални ископувања со цел откривање и кражба на археолошки предмети, а антиквитетите нелегално ги пренесувале во странство.

Дел од втората криминална организација, активна од декември 2023 година, главно во северна Грција, биле десет лица од кои седум се уапсени, а по останатите се трага.

Сите уапсени биле изведени пред јавен обвинител во Солун.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk