logo
logo
logo

Во Грција регистрирани вкупно 17 случаи на вирусот Западен Нил

Vecer | 31.07.2025

Во Грција регистрирани вкупно 17 случаи на вирусот Западен Нил

 Вкупно 17 случаи на вирусот Западен Нил се потврдени во Грција, од кои десет се регистрирани во текот на изминатата седмица, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ соопштија дека 14 случаи покажале симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а три случаи благи или никакви симптоми поврзани со централниот нервен систем.

Паралелно бил регистриран е и еден „увезен“ случај на инфекција кај пациент изложен на вирусот во друга земја, поконкретно во Србија и не е предмет на понатамошната анализа.

Првите случаи на инфекција за оваа сезона во Грција беа регистрирани пред три седмици, кога во период од 48 часа во областа Атика, поширокиот регион на Атина беа истовремено дијагностицирани четири случаи.

Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во Грција во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 220 случаи, а од Западен Нил и починале 35 лица. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk