logo
logo
logo

Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата

Vecer | 23.03.2025

Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата

Во Белград денеска се одржа првиот состанок на иницијативниот одбор за формирање на сенародно - Движење за народот и државата, каде српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата изјави дека е време да се артикулира големата сила на народот и да се обедини сета интелигенција и патриотизам за да се обликува иднината, јави дописникот на МИА од Белград.

„Симболично, во куќата на кралот Петар Први започнавме голема работа. Да понудиме надеж, стабилност, безбедност и иднина на Србија и нашите деца. Денеска го одржавме првиот состанок на иницијативниот комитет за формирање на сенародното движење за народот и државата “, објави Вучиќ на Инстаграм.

Тоа движење ги повикува сите чесни граѓани со своите способности и знаење да придонесат за Србија и да и помогнат на државата да стане најуспешна во својата историја.

На состанокот на иницијативниот одбор на „Движењето за народот и државата“ учествуваа и неколку членови на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), факултетски професори, претседателот на Асоцијацијата на Албанците во Србија и други, јавија белградските медиуми.

Претседателот Вучиќ со години најавува формирање на движење, а собирот на СНС во јануари во Јагодина го означи како почеток на процесот на создавање на „Движењето за народот и државата“.

„Денеска се исцртуваат контурите и патот кон добра и сигурна иднина за нашата Србија, пат кој води до просперитет, напредок и слобода за сите идни генерации“, рече Вучиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk