Собирот е закажан околу 18 часот пред зградата на Народното собрание.
Оттаму се планира пешачење преку булеварот Краља Александар до Правниот факултет, па по улица Београдска до Славија, од таму по улицата Краља Милана за на крај да се направи обрач околу зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Србија, јавува Еуроњуз.
Претходно во текот на денот, на конгресот на Европската зелена партија, кој се одржува во Виена, европратеникот и копретседател на Европската зелена партија Томас Вајс и поранешниот член на Европскиот парламент и член на Советот на Европската зелена партија Расмус Нордквист го поддржаа „ Србија против насилството“, соопшти денеска партијата Заједно. Вајс оцени дека „насилството никогаш не е решение, особено не е политичко решение“.
Опозициските парламентарни групи Обединети, Народна партија, Демократска партија, Заједно Морамо, Клубот на зелените леви повикаа на протест „Србија против насилството“, но нагласуваат дека протестот не е политички.
Протестот првично беше закажан за петок, 2 јуни, но беше поместен за сабота, меѓу другото, бидејќи одредени десничарски организации најавија истовремено собир во центарот на Белград поради ситуацијата на Косово. И тие организации, во меѓувреме, протестот го преместија за сабота и требаше да започне во 17 часот кај споменикот на рускиот цар Николај, а најавуваат дека потоа ќе се приклучат на протестот „Србија против насилството“.
Шефот на пратеничката група на Народната партија, Мирослав Алексиќ ги повика граѓаните да донесат цвеќе на протестот, кое ќе го остават во зградата на Претседателството. Минатата недела граѓаните оставија цвет пред Собранието. Тој најави дека од големата сцена што ќе биде поставена пред парламентот ќе зборуваат „жртви на режимот“ и јавни личности, меѓу кои и актерката Светлана Бојковиќ.
Секој од граѓаните ќе може да напише порака до претседателот на картон, а на пет-шест точки околу Претседателството ќе бидат поставени книшки за впечатоци каде што граѓаните ќе можат да ги оставаат тие пораки, објавија Независне.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата